Кога ќе се најде заедничко решение, тогаш ќе имаме договор за новото Јавно обвинителство. Преговорите се уште не се завршени, целта е постигнување на договор во интерес на правдата, посочи потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири и пратеник во Собранието на РСМ во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Зеќири истакна дека СДСМ е подготвена опозицијата да предложи нов обвинител кој ќе има кредибилитет да ги гони криминалците и да ги расчистува сите отворени предмети.

Но, ВМРО-ДПМНЕ бара обвинител кој ќе ги амнестира криминалците и криминалите на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што е целосно неприфатливо, истакна Зеќири.

Потпретседателот Зеќири ги отфрли обвинувањата на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ дека судиите се под влијание на СДСМ  истакнувајќи дека денес се гради независен судски систем и дека СДСМ нема никаква контрола на судиите и судството во државата.

153

Најчитани вести