Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири во вечерашното гостување на „24 анализа“ заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, изјави дека власта нема намера никого да штити во случајот „Рекет“.

„Не штитиме никого, тоа и јавно сме го кажале, ниту еден ќе штитиме ниту немаме намера да штитиме. Ако некој било кој и е да е, ќе си договара. Кој и да е вмешан треба да си одговара“, изјави Зекири.

Зекири потенцираше дека ако СДСМ влијаело врз судството, сите од ВМРО-ДПМНЕ ќе биле уапсени.

На прашањето дали има фотографија со Бојан Јовановски, Зекири одговори – апсолутно не.

Димовски пак ја обвинини власта дека не решила ниту еден случај од судските процеси и ја обвини дека направиле „театар од судењата“ и дека ниту едно не е разрешено.

„Никој не бара амнестија, случаите што се почнати во законски предвидениот рок треба да се продолжат, оние кои се почнати по тој рок може да се користат како индиции. Имаме чист однос кон таа работа“. – изјави Димовски.

Тој потенцираше дека СДСМ преку СЈО си игра кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите што им сметаат, или што им сметале и што мислат дека треба да бидат уценети и што сакаат да им се одмаздат си ги ставале во одредени предмети. Знаеме ние и кој министер од СДСМ бил задолжен за пренесување на списокот до Катица Јанева на тие лица“, изјави Димовски.

121

Најчитани вести