Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во дебатната емисија 24 анализа на ТВ 24 изјави дека анкетите покажуваат недоверба во јавно обвинителскиот и судскиот систем.

- Да не зборуваме за СЈО. Најмал проблем се политичарите, проблем имаат бизнисмените кои имаат пет банки и сакаат да ги инвестираат.

Додека нема правосуден систем нема економска логика за економска иницијатива, владата нема коцепт како да ги реши овие прашања, довербата во правосудниот систем е падната во последните две години драстично. Ние можеме да дадеме поддршка со силни гаранции, дека контролата на тој систем да биде надвор од контролата на СДСМ.

Деца на луѓе од Советот на јавни обвинители се вработувани во СЈО, одбивате да го разгледаме тоа во Анкетна комисија во Собрание, изјави Димовски.

- Како да веруваат луѓето кога слушнаа како се бирале? Проблем се судиите. Се договараа по телефон. Мене ми е смешен Ахмети кој вели: Кој би не штител нас ако имаше криминали? Па ве штитат судиите кои ги поставивте, изјави потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири.

- Се дружите со судии по кафиќи, изјави Димовски.

- Кажете ги кои се – побара Зекири.

- Јас сум ги видел, нема да ги кажам, одговори Димовски.

- Се што сте нарачале во судот се ви се исполнило – изјави Димовски.

-  Тоа што беше лошо во ВМРО, вие 10 пати го покачивте, посочи Димовски.

- СДСМ најмногу губи на рејтингот, бидејќи виновниците не се во затвор, судството не ни е под контрола, да ни беше под требаше пола раководство на ВМРО да биде затворено, посочи Зекири.

 

436

Најчитани вести