Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во дебатната емисија 24 анализа на ТВ 24 изјави дека СДСМ со преземањето на власта и со формирањето на СЈО, јавнообвинителската служба ја има како политичка алатка за остварување на политички цели.

Димовски потенцираше дека СДСМ ја користи комплетно јавнообвинителската служба во Република Македонија и онаа во СЈО и онаа во ЈО, и по традиција е навикната секогаш да ја користи за себе и во своја корист, притоа уценувајќи пратеници и градоначалници на опозицијата, додека тие од СДСМ слободно си прават што сакаат.

- Градоначалник од СДСМ претепува граѓанин му се заканува го уценува и нема никаква активност. Поминаа повеќе месеци, никаква активност од јавното обвинителство. Тој градоначалник се уште е дел од СДСМ, доаѓа на состаноци на Централен одбор, нема никакви политички последици од страна на СДСМ, да не зборуваме за последици од јавнообвинителската дејност, истакна Димовски.

Тој додава дека во исто време на поранешен градоначалник источна Македонија СДСМ преку обвинителството му пушта пријава за тоа што надвор од програмата потрошил 3 ипол илјади евра, но тие пари се потрошени на сметка на здружение на граѓани за грижа за деца со потребни потреби и тие пари навистина се потрошени за тие деца, а градоначалникот се уште се соочува со таа обвинителско судска постапка.

 

420

Најчитани вести