Најмалку 30 цивили загинаа, а 40 се повредени во Авганистан при напад на американско беспилотно летало.

Како што пренесуваат светските агенции, нападот бил насочен кон цели на Исламска држава.

Нападот бил извршен во планинско подрачје во провинцијата Нангахар, во источен Авганистан.

Авганистанското Министерство за одбрана и американски претставници во Кабул го потврдија нападот со дрон, но не соопштија детали.

извор: Makfax

84

Најчитани вести