Генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, во Богданци порача дека тамошниот ветерен парк ќе се проширува со поголеми и помоќни турбини.

„Со поголеми и помоќни турбини ќе го зголемиме нашето производство на електрична енергија од обновливи извори“, порача Ковачевски.

Ветерниот парк Богданци во моментот работи со 16 турбини, a во втората фаза, која сега се спроведува, ќе биде проширен со уште 4 турбини, со поголема моќност од постоечките.

Со тоа, ветерната електрана од сегашните 36,8 MW инсталирана моќност, ќе биде заокружена на проектирана моќност од 50 MW, информираат од ЕСМ.

Ковачевски денеска се сретна и со градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, на сoстанок на кој се разгледувале можностите за понатамошна соработка меѓу ЕСМ и општината.

 

извор: Makfax

117

Најчитани вести