Човекот кој го обвини актерот Кевин Спејси за сексуален напад почина пред случајот да стигне на суд.

Иако идентитетот на лицето е непознат за јавноста, медиумите пренесуваат дека се работи за физиотерапевт кој тврдел дека Спејси без дозвола го допирал по телото во куќа во Малибу, Калифорнија пред три години.

Физиотерапевтот го тужел актерот за сексуален напад, родово насилство, физичко насилство и намерно предизвикување на емоционален стрес.

Спејси ги негираше овие обвиненија, а набргу потоа беше објавена и веста за смртта на тужителот откако адвокатите на Спејси доставиле документи на суд.

Идентитетот на масерот не е наведен во случајот, а според документите доставени во судот не е наведена ниту причината за смртта.

Адвокатот на лицето, Џини Харисон, го обвини правниот тим кој го застапува Спејси дека се обидува да го прикрие случајот.

„Известувањето кое беше испратено вчера беше непотребно и за презир. Но, не ме изненадува дека Спејси го испратил известувањето порано со цел да добие предност во случајот“, изјави Харисон.

Во изјавата на адвокатот, починатиот е опишан како достоинствен, добар, средовечен маж кој бил истрауматизиран од наводниот напад. Харисон додава дека покрај физиотерапевтот таа примила жалби и од други лица кои го обвинуваат Спејси за сексуално насилство.

„Неговата борба за правда сè уште живее“, вели адвокатката.

извор: Makfax

789

Најчитани вести