Богат Италијанец по летувањето на Миконос избегал во приватен авион со своето семејство, оставајќи сметка од 128.000 евра.

Италијанскиот претприемач, сопственик на неколку лондонски компании, изнајмил прекрасна вила на Миконос, и кога требало да плати … тој само се изгубил!

Откако му пратиле фотографии од вилата на посредникот, тој им рекол дека Италијанецот сакал да резервира луксузна куќа во областа Каналија со пет простории за членовите на неговото семејство. Тој веднаш од картичката повлекол 50.000 евра за резервација, а подоцна требало да го плати остатокот до 179.800 евра колку што вкупно чинело летувањето.

Прво на Миконос пристигала жена со две деца, а два дена подоцна и Италијанецот. Тој го започнал одморот во вилата и бил воодушевен од архитектурата, но и од ВИП-услугата што му била обезбедена.

Но како што одминувале деновите, тој не бил расположен да ги плати останатите пари и покрај потсетувањето од туристичката агенција.
За да ги смири луѓето во агенцијата, тој им рекол дека ќе им испрати пари од две сметки – едната од Швајцарија, а другата од италијанска банка.

Но парите никогаш не стигнале до туристичката агенција.

Едно утро Италијанецот се качил во приватен авион со другите членови на семејството и летнал за Истанбул, оставајќи ги луѓето од туристичката агенција без пари. Потоа, тие од џебот морале да му исплатат 40.000 евра на сопственикот на вилата, а случајот ќе заврши на суд кога италијанскиот аристократ дефинитивно ќе мора да го плати долгот.

извор: Makfax

2,815

Најчитани вести