Граѓаните кои поседуваат персонализирана картичка „Скопска“ за возење со автобусите на ЈСП ќе мора да ја заменат со нова ако ѝ е поминат рокот од четири години, на свој трошок. При тоа, на самите картички нема дата на издавање, а граѓаните важноста ќе може да ја проверат на шалтер.

„Ги информираме граѓаните, корисници на јавен превоз, сопственици на персонализирана електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност, којизнесува четири години од издавањето, дека истата треба да ја заменат како би го користеле превозот. Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот“, соопштија од ЈСП.

Од таму напоменуваат дека замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката.

„Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка.
Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација“, велат од ЈСП.

извор: Makfax

608

Најчитани вести