Со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти средношколци, Град Скопје и годинава ќе додели стипендии на спортисти средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, информираат градските власти.

Од таму додаваат дека врз основа на пропишаните критериуми во овој повик ќе се изберат 105 стипендисти средношколци, кои ќе добиваат стипендија во вкупен нето износ од 24.000 денари во тековната 2019 година.

„Јавниот повик за доделување стипендии за 2019 година е објавен денеска (5 февруари), а ќе трае 10 дена, до 14 месецов. Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република Македонија кои имаат статус на редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето на град Скопје; да се жители на Скопје; да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски клубови од подрачјето на град Скопје и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија; да имаат високи спортски достигнувања во претходната 2018 година и во 2019 година, сè до завршувањето на јавниот повик“, се наведува во соопштението за огласот.

Сите заинтересирани овој јавен повик може да го погледнат на веб-страницата на Град Скопје, а за дополнителни информации може да се јават и на телефонските броеви 02/3297-238 и 02/3297-320.

Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, или во архивата на Град Скопје (барака број 16) секој работен ден, а најдоцна до 14 фавруари годинава до 19 часот.

 

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести