Еден мигрант е убиен, а друг е тешко повреден во тепачка што се случила синоќа во центарот за мигранти кај Бихаќ, Босна и Херцеговина.

Портпаролката на обвинителството, Ирена Марјановиќ Чавкиќ, рекла дека се претпоставува дека мигрантот е убиен со ладно оружје во тепачка што избувнала во еден од шаторите поставени во кампот „Вучјак“.

Другиот мигрант, кој е повреден и хоспитализиран, ќе биде сослушан откако лекарите ги санираат неговите повреди.

Обвинителството посочува дека повредениот мигрант би можел да биде извршител на убиството. Идентитетот и државјанството на убиениот и на повредениот мигрант не се откриени.

извор: Makfax

183

Најчитани вести