Инцидентот се случил во детската градинка „Наша радост“ во Рача Крагујевачка, Србија. Според „Блиц“, мислејќи дека има вода во шишето на масата, воспитувачката му го дала на детето шишето да пие.

Наместо вода, во шишето имало средство за дезинфекција „асепсол“, кој содржи токсична супстанција бензалкониум хлорид, што може да биде фатална доколку се консумира во големи количини. Набргу откако испило малку течност, детето почнало да повраќа.

Не знаејќи што се случува со детето, од градинката ја повикале мајката која веднаш го однела детето во Здравствениот дом во Рача, а од таму тоа било пренесено во болница во Крагуевац.

извор: Makfax

701

Најчитани вести