Пратеникот на вМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски преку објава на Фејсбук бара оставка од директорката на КИЦ, Сермине Пурини од ДУИ, бидејќи како што вели, лесно троши буџетски пари, односно за манифестацијата „Звуците на чаршијата“ потрошила 20.000 евра.

– Директорката на КИЦ, Сермине Пурини од ДУИ лесно троши буџетски пари, од Министерството за Култура и Град Скопје, па така за манифестацијата „Звуци на чаршијата” ќе исплати хонорари од 11.000 евра без ДДВ за убавата Елвана, пејачка од Албанија, за само 45 минути настап.
4.000 евра, без ДДВ, за Дафи Зеќири
Љум Бериша – 2.500 евра без ДДВ
Или Лимани – 2.500 евра, без ДДВ.
Вкупно 20.000 евра без ДДВ!!!
А би било многу подобро доколку има приоритет во трошењето на парите на граѓаните, на пример малку средства за некое играорно друштво, малку средства за инструменти на 5-6 сиромашни талентирани музичари, малку средства за тоалетите во училиштето „7ми Март” во Чаир и малку средства за една мешовита македонско-албанска група на млади музичари кои ќе ја развеселат чаршијата многу повеќе за само 1/10 од она што Елвана ќе го стави во џебот за 45 минути!
Почитувана Директорке, ваков луксуз можеби ѝ личи на Шведска, но во Македонија за ваков луксуз може да си размислите и за оставка!, напиша Милошоски на Фејсбук.

1,311

Најчитани вести