Тешко е да се раздели интеграцискиот пакет Македонија-Албанија, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Според него стратешката грешка била направена минатата година, кога наместо со Србија и Црна Гора, Македонија беше ставена, од страна на вицепремиерот Бујар Османи, во група со Албанија.

– Македонија не заслужува да е во група со Албанија. – констатира Николоски и кажа дека тоа не влече назад од нашиот пат кон ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека спорно е тврдењето дека Албанија ќе не успорела во ЕУ интеграцијата. Според него не може ние да наметнуваме со кој ќе сме во група.

Димитров кажа дека добро е Албанија да успее како држава, но проблем е да сме жртви на процес кој што не е под наша контрола и моќ.

Николоски кажа дека моќта ја имаме ние, но Владата нема желба да решава корупциски прашања.

– Владата на Заев е полоша од Владата на Рама. – констатира Николоски и кажа дека во државата не е ништо сменто на подобро откако се смена името.

588

Најчитани вести