Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска објави дека преговарачот за заложнички кризи, Роберт О’Брајан, ќе го именува за наследник на отпуштениот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

„Задоволство ми е да објавам дека ќе го назначам Роберт О’ Брајан, кој во моментов успешно работи како Специјален пратеник за заложници во Стејт департментот, за нов советник за национална безбедност. Долго и напорно соработуваме со Роберт. Тој ќе заврши голема работа на оваа позиција“, напиша Трамп на „Твитер“.

О’Брајан има долгогодишно искуство во републиканските кругови кои се занимаваат со надворешна политика, пренесе „Ројтерс“.

На 10. септември Трамп го отпушти Болтон поради, како што рече, големи несогласувања по однос на повеќе прашања.

извор: Makfax

83

Најчитани вести