Британските рок-легенди „Ролингстоунси“ по повод 50-годишнината од првото издание на славниот албум „Let It Bleed“ ќе објават раскошно реиздание, преработено во моно и стерео верзија со 7-инчен сингл, постер и книга, пренесува „Ен-ем-и“.

Делукс изданието ќе биде достапно од 1 ноември, на два винила или двоен „хибрид-супер аудио” ЦД сет.

Колекцијата содржи и нова верзија на синглот од 1969 година „Honky Tonk Women“ /„You Can’t Always Get What You Want“, три литографии, голем постер од оригиналниот пакет и книга во тврд повез од 80 страници, која содржи есеј на новинарот Дејвид Фрик и необјавени фотографии од Итан Расел.

Обновената стерео верзија ќе биде достапна и одделно на ЦД, винил и дигитално.

извор: Makfax

63

Најчитани вести