Почна санирањето на улицата „Тодор Чангов 41“ во Општина Аеродром во должина од 450 метри. Станува збор за реконструкција на дел од оваа улица на која се поставува тампон во ширина од 6 метри и асфалт од 5 метри. Во наредниот период ќе се реконструираат и другите делови од улицата „Тодор Чангов“.

Општина Аеродром го продолжува континуитетот на реконструкција, санација и рехабилитација на улици на целата територија. Интензивно инвестираме во изградба на нова, како и подобрување на веќе постојната патна инфраструктура во сите делови на општината.

извор: Makfax

106

Најчитани вести