Во петок, во рамки на музичкото патување под мотото Intermezzo Music Rituals гостуваат DERUN MUSIC - диџеите на „Скорпиос“, кои со себе ја носат вибрацијата на островот Миконос, а во Скопје ни доаѓаат по одличната, минатонеделна забава со неповторливиот Lannka, чиј настап уште долго ќе се прераскажува.

„Скорпиос“, инаку го носи епитетот за најдобар бар на плажа во светски рамки, а како таков неговата музичката програма jа сочинуваат најдобрите артисти во deep house, down tempo, folkoric sounds и ancient rhythms звуците.

Тимот на Intermezzo Music Rituals се погрижи и овој петок да доживееме ново музичко патување, овојпат со безвременските артисти DERUN. Како што за себе знаат да кажат - тие не веруваат во перцепцијата на времето. Како честичките од прашина што се трансформираат низ целиот космос, нашиот inner self патува наоколу со нив и се трансформира и развива во овој голем океан. Целта на DERUN е да ја трансформира приказната за нашиот универзум со музиката, комбинирајќи честички од прашина за да изгради нови аспекти бидејќи музиката е различна од гласовите. Сетовите на DERUN се концентрирани на софистицирана и мултикултурна електронска музика во која преовладува длабоко ниво на експресија кое ќе ве понесе да танцувате како никогаш досега. Поради зголемениот интерес за Intermezzo Music Rituals забавите вратите на Intermezzo ќе бидат отворени од 20 часот. 

54

Најчитани вести