Loading..

Оваа супа ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со стомакот и болката во желудникот. Освен тоа, ќе уживате во нејзиниот прекрасен вкус.

Потребни состојки:

  • 300 г свежи шампињони
  • 1 главица лук
  • 1 мал морков
  • 1 чаша млеко
  • 1.5 дл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • мешавина на зачини

Начин на приготвување: На малку масло издинстајте го лукот, па додајте ги шампињоните исечени на парчиња (оставете 2 од нив на страна). Кога тие ќе омекнат, испасирајте ги во блендер. Вратете ги на оган, а потоа додајте ги 2-те преостанти шампињони исецкани на парчиња, морковот исецкан на парчиња, мешавината зачини, солта и биберот, па потоа прелијте со вода. Кога морковот ќе омекне, додајте ги млекото и павлаката, кратко гответе, па послужете.

Најчитани вести