Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во интервју дадено вчера вели дека во текот на денов ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор, а како гаранција ќе го понудат недвижниот имот на Јанева. Според Фрчкоска, откако е разрешена од функцијата специјален јавен обвинител, повеќе не постои можност Јанева да влијае на истарагата или да преземе какво било дејствие токму затоа што е бивша, а не актуелна обвинителка.

Ќе бараме да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае, вели Фрчкоска.

Пред најавеното барање на адвокатите на Јанева и истекот на законскиот рок од 30 дена она што се погласно се зборува во јавноста е каде е Катица Јанева. Шпекулациите ги подреваат неколку факти.

Од притворените лица интересни за јавноста, како поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков или пак сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јованоски, уште веднаш по неколку дена од притиврањето се појавија фотографии од затворскиот двор каде што излегуваат на прошетка. Засега нема релевантна фотографија од Катица Јанева, а несомнено интересот на јавноста за овој „доказ“ е голем.

Мерката притвор од 30 дена на Јанева ѝ беше доделена поради можност од бегство, влијание врз сведоци и инволвирани во истрагата за предметот „Рекет“ и уништување на докази.

Ако внимателно се следи интервјуто на директорот на Истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ, за „Радио Слободна Европа“, тој не изјави дека „Катица Јанева е во посебен оддел, со уште една приведена. Таа не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа“.

Тоа се поголеми оддаи да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме, вели Рахиќ во изјавата за Радио слободна Европа.

По лидерската средба пратеникот Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, објаави дека премиерот Зоран Заев на срдбата изјавил дека Јанева излегува од притвор за десетина дена.

Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени, праша Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба.

Премиерот Зоран Заев ги демантира обвинувањата од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

Тоа се лажги со опашки. Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави Заев.

Со оваа изјава премиерот ја вклучи во целата мешаница и адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, која во интервју го демантира премиерот Заев дека го информирала за тоа дека нормално е за Катица Јанева да побара поблага мерка и да искориски некои олеснителни околности.

Фрчкоска вели дека целата таа изјава погрешно е интерпретирана и средбата се случила во времето кога Јанева испрати допис до Јавниот обвинител на Република Македонија со кој ја префрла надлежноста на предметите од СЈО во надлежност на Јавниот обвинител.

Тоа беше за ургентноста, за итноста за важноста на одлуката за Јанева со една писмена согласност да ги префрли предметите од надлежност на СЈО во надлежност на ЈО. Тоа отвори една голема дискусија и предизвика една турбуленција во правниот систем и во понатамошната работа на СЈО и беше од интерес и за Владата и за правниот систем, вели Фрчкоска.

3,376

Најчитани вести