Претседателската трка за Белата Куќа во 2020-та веќе  е преполна со драма и разни интриги помеѓу 20-те (а можно е и повеќе) кандидати. Претприемачот и претседателски кандидат за 2020 година, Ендрју Јанг се залага за основен еднаков приход за сите. Тој најави дека ќе одржи томбола во која ќе извлече 10 семејства односно возрасни Американци на кои би им дал универзален приход од 1.000 долари во текот на годината.

Извлекувањето би требало да почне веќе следната недела, и сите извлечени месечно ќе добиваат по 1.000 долари. Инаку експериментот со универзалниот приход е адут во неговата кампања.

„Време е повеќе да веруваме себеси отколку на нашите политичари“, изјави Јанг. „Со оваа програма ќе ја натераме нашата држава да работи за нас, американскиот народ“, изјави тој.

Јанг тврди дека парите не само ќе ја намалат економската нееднаквост, туку ќе ја наградат неплатената работа како грижата за деца и домашните работи, ќе ги поттикне иновациите давајќи им на претприемачите повеќе слободен простор за отворање нови претпријатија и ќе им даде на работниците повеќе мотиви од своите работодавачи да побараат подобри услови за работа.

Тој освен овој план, се залага и за други политики, и социјални програми вклучувајќи го и здравствениот систем.

Сепак Јанг е капиталист кој ги отфрла наводите дека универзалниот основен приход е социјализам. „Ова не е социјализам, ова е капитализам каде приходот не почнува на нула“, вели Јанг.

„Ако се прашувате каде Американците ќе ги потрошат тие пари, ќе ги потрошат на локални претпријатија, во економијата“, додава тој.

Тој во интервју за таблоидниот сајт TMZ прикажа видео демонстрација на неговиот холограм во комбинација со холограмот на Тупак (за кој вели дека му е идол), а во други интервјуа објаснува дека холограмот е поврзан со пораката дека во 2020 работите ќе се сменат и дека не смееме да продолжиме да ги правиме истите работи постојано и да очекуваме дека со тоа ќе постигнеме различни резултати кои што ни се потребни.

3,966

Најчитани вести