Британската старлета и реална ѕвезда Кети Прајс (41) повторно се најде среде скандал. Кејти се забавувала долго во ноќта на забава во Брајтон, но персоналот на ноќниот клуб ја исфрлил бидејќи била премногу пијана.

На Кејти не ѝ се допаднало нивното однесување, па кога ѝ рекле да си оди дома полека, таа почнала да ја влече и да ѝ ја корне косата на жената што работи во ноќниот клуб, пренесува „Сан“.

„Кејти ја фати за главата. Беше многу драматично, но жената не сакаше да се тепа“, вели очевидец на настанот за странски извори.

Старлетата живее во близина на Брајтон, така што персоналот ја знае. Ја испратиле до такси и таа си отишла дома. Скандалите на Кејти не се изненадување за нејзините пријатели, кои тврдат дека ја фатила криза на средните години.

извор: Makfax

0

Најчитани вести