Манекенката Синди Крафорд (53) присуствуваше на забавата по повод 18-тиот роденден на својата ќерка Каја Гербер, па немаше доволно време да се посвети на својот изглед. Таа на својот инстаграм-профил сподели фотографија со фановите по напорниот викенд.

Бринетата позира со разбушавена коса, која го покриваше нејзиното лице, а црната маскара ѝ беше размачкана под очите бидејќи претходно не ја симнала шминката. Фотографијата ја снимила по враќањето од роденденската прослава.

По примерот на мајка си, Каја на прославата носеше кожен фустан од „Версаче“, кој многумина ги потсети на едно од најлегендарните изданија на нејзината мајка. Синди во 1992 година на MTV Music Awards се појави во кожен фустан со појас и мрежест корсет. Многумина беа воодушевени од овој потег на ќерката, кој е еден вид благодарност до мајка ѝ.

Синди е една од најубавите жени на сите времиња, а во 90-тите беше најбарана манекенка во светот на модата. Таа носеше креации на најголемите дизајнери и брендови, а ќерка ѝ се движи по истите стапки, па така за својот 18-ти роденден се најде на насловната страница на британски „Вог“.

извор: Makfax

0

Најчитани вести