Погубно е да се решаваат системски работи како Законот за ЈО на база на дневна политика врз основа на интереси на политичките елити, вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев, пренесува Канал 5.

Коментирајќи ја вчерашната лидерска средба и непостигнувањето договор меѓу Заев и Мицкоски за законот за ЈО.

Тој смета дека мандатот и функционирањето на СЈО треба да продолжи, а не да се затвори. Додека не се постигне договор, мора да важи досегашниот закон за специјално обвинителство, бидејќи според Калајџиев, постои опасност да бидат загрозени и досегашните предмети и истраги на СЈО.

Професорот на денешната дебата за правосудниот систем, изрази разочарување и недоверба во јавното обвинителство, а како последен повод го наведе случајот со писмото на Катица Јанева, кое според неговите информации делумно било напишано на компјутер, иако таа е во приотвор.

Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ ваквите тврдења на Кајаџиев ги оцени како небулоза, без повеќе детали за писмото.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

0

Најчитани вести