ВМРО-ДПМНЕ во Собрание предложи точка на дневен ред разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители за специјалната обвинителка да биде разрешена. Дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски.

Според информациите кои ги добивме од опозициските пратеници на седница на Собранието поднесена била предлог точка за разрешување на Јанева. Сепак, овој предлог не поминал со 58 гласови против од страна на владејачкото мнозинство.

"ВМРО-ДПМНЕ во Собрание предложи точка на дневен ред разрешување на СЈО Катица Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители за спец.обвинителка да биде разрешена. Дополнителен аргумент е што таа е во притвор и е осомничена за случајот Рекет, а истовремено дава и одлуки и наредби од притвор, кои се противзаконски. Парламентарното мнозинство со 58 гласа го отфрли предлогот Катица Јанева да биде разрешена, нејасно е зошто власта ја штити Катица Јанева од разрешување на очиглед на целата јавност за нејзината злоупотреба на позицијата спец јавен обвинител" велат од опозицијата.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ бил поддржан од неколку пратеници на власта, но недоволно за формални и официјално да и се прекине функцијата на Катица Јанева која е во притвор.

 

Најчитани вести