Стјуарт Хачисон починал од  тумор на мозок на само 25 години. Тој со години се борел со оваа ужасна болест, а неговото куче Неро не се одвојувало од него. Тие биле толку врзани што несреќното животно починало 15 минути по него, тагата била преголема.

Неро бил мал француски булдог со големи тажни очи. Тој гледал како се бори неговиот сопственик со туморот цели осум години. Стјуарт бил на операција, на хемотерапија, но сè било залудно. Во јуни дознал дека нема надеж за него, откако лекарите му рекле дека туморот се проширил во поголемиот дел од мозокот.

Тој се вратил во домот на неговата мајка за да го помине остатокот од животот што е можно поубаво. Таа го негувала и се грижела за него. И неговата сопруга Даниеле поминувала колку што може повеќе време со него затоа што знаела дека немаат уште многу заеднички денови.

Стјуарт починал во август. Тој ден, неговиот татко ја напуштил куќата за да направи нешто, а кога се вратил го нашол Неро како лежи безживотно. Стјуарт тогаш бил жив. Таткото брзо го однел кучето на ветеринар, но му немало спас, тој починал од руптура на ‘рбетот во болницата за животни, само 15 минути по смртта на неговиот сопственик.

Стјуарт почина околу 1:15 часот попладне, а Нерон почина 15 минути подоцна истиот ден. Имаше три кучиња, но тој и Неро биле едно. Неро секогаш беше со него, рече неговата мајка, Фиона Конахан, додавајќи дека иако се подготвувале за смртта на Стјуарт, тие биле шокирани затоа што всушност никој не може да се подготви доволно за такво нешто, пренесува The Animal Rescue Site.

извор: Makfax

0

Најчитани вести