Повеќе превентивно-информативни разговори со сопственици на трговски објекти на булевар „Никола Карев“, познат како Пластичарска улица, денеска спроведе еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, при што дуќанџиите биле информирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, со цел да се спречи создавањето диви депонии и да се заштити животната околина.

Од ЈП „Комунална хигиена“- Скопје информираат дека се засилени дежурствата на повеќе локации во овој реон, што се маркирани како црни точки со најчеста појава на несовесно одлагање на отпадот од страна на граѓаните.

– Во три смени се спроведуваат дежурства кај Теќето на Пластичарската улица, во близина на т.ц. Чаирчанка, на улиците Џон Кенеди и Втора македонска бригада, се вели во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“.

Еко-патролата деновиве реализира и дежурства во скопската општина Кисела Вода, во координација со општинските комунални редари.

Активностите се одвиваат на најпроблематичните локации на улиците „Христо Татарчев“ и „Димо Хаџи Димов“, каде, како што информираат, е забележано континуирано создавање диви депонии како резултат на неправилно исфрлање на отпадот и прекршување на Законот за јавна чистота.

0

Најчитани вести