Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети остварија средба на која беше потенцирана важноста за интензивирање на активностите за заштита на животната средина.

Од министерството информираат дека фокусот на разговорите бил ставен на аерозагадувањето.

„Министерот Нуредини особено ја нагласи опасноста од палењето на стрништата што влијае не само на квалитетот на воздухот, туку е и голема опасност за предизвикување на поголеми пожари што негативно влијааат на луѓето, на целиот растителен и животински свет, но и на животната средина во целата нејзина комплексност“, информираат од Министерството за средбата.

Исто така, се разговарало и за статусот на тековните проекти и можноста за нивното подобрување.

извор: Makfax

0

Најчитани вести