Новозеландската премиерка Џакинда Арден се извини поради начинот на кој нејзината партија реагирала на обвинувањата за сексуална злоупотреба насочени кон еден член на партијата и прифати оставка од претседателот на партијата поради тој скандал.

Се работи за скандал кој значително им наштети на угледот на Арден и на нејзината коалициска Влада на левиот центар, која неочекувано дојде на власт во 2017 година.

„Во име на Лабуристичката партија им се извинувам на жртвите од сексуални напади, поради начинот на кој Владата се однесувала во овој случај“, рекла Арден, додавајќи дека ја прифатила оставката на претседателот на партијата, Нигел Хаворт.

„Да се пријави сексуално насилство е тешко само по себе и немарно да предизвикаш дополнително страдање на лице кое поминало низ тоа е исклучително разочарувачки“, додала таа.

19-годишна девојка минатата година пријави во Лабуристичката партија сексуално насилство од страна на еден од членовите на партијата, која спровела истрага и заклучила дека не се потребни дополнителни мерки во случајот на обвинетиот партиски член.

извор: Makfax

0

Најчитани вести