Седумнаесетгодишник вчера бил избоден до смрт во центарот на лондон, објави полицијата. Итната помош веднаш пристигнала на местото на убиството и непосредно пред 14 часот по локално време, го пренела во боница, каде тој им подлегнал на повредите, пренесува „Гардијан“.

Засега нема апсења, а во тек е полициска истрага во улицата „Едгвер Роуд“, каде се случило убиството. Главниот истражител од Одделот за злосторства во полицијата, Енди Партриџ, рекол дека убиството се случило во близина на кампусот, каде многу млади лица во тој момент можеле да бидат на пауза.

„Овој ужасен напад се случи на сред бел ден, во самиот центар на Лондон пред очите на многу луѓе. Младо момче, пред кого беше целиот живот, е убиен, а неговото семејство е оставено во тага. Знаеме дека во тој момент имало многу луѓе во близина и ги замолуваме да ни кажат се што виделе“ рекол Партриџ.

извор: Makfax

0

Најчитани вести