Државата ќе има до 2021 година нови над 11.000 пензионери а ПИОМ ќе исплаќа за пензии вкупна сума која е за шест милијарди денари или за безмалку 100 милиони евра поголема од сумата која за таа намена ќе се издвои годинава. Ова е дел од стратешкиот план на ПИОМ кој се однесува за оваа и за следните две години, пренесува Фактор.

Во планот стои дека едно од стравувањата е дека ќе се зголемува зависноста на ПИОМ од државниот буџет. Познато е дека за да ги исплати пензиите државата секоја година го финансира ПИОМ со сума која сега надминува 500 милиони евра.

0

Најчитани вести