Денес во рамки на посетата на Брисел се сретнав со Марко Зани, пратеник во Европскиот Парламент од партијата „Лега“ на Матео Салвини од Италија. Марко Зани е член на највисокото раководство на „Лега“ на Салвини, а во исто време и претседател на групата „Идентитет и Демократија“ – политичка група во Европскиот Парламент која брои 73 пратеници во Европскиот Парламент.
Со господинот Зани Зборувавме за воспоставување соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како политички партии, како и за потесна соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата го информирав господин Зани за актуелните случувања во Македонија, назадувањето на економијата, корупцијата, состојбата со владеењето на правото, како и предизвиците со кои Македонија се соочува. Зборувавме за стратешкиот приоритет за интерграција на Македонија во Европската Унија. Исто така, зборувавме за неопходноста од одржување предвремени избори и во Италија и во Македонија на кои граѓаните ќе го кажат своето мислење каде треба да се движи политиката и кој да ги води. На средбата заклучивме да ја продлабочиме соработката во следниот период и да оствариме партиски посети на Италија како и возвратна на Македонија, вели Николоски.

0

Најчитани вести