Жељко Булатовиќ (55), државјанин на Црна Гора, синоќа околу 22 часот бил убиен пред зградата во која живеел во Нови Сад последниве 6 месеци. Неговото безживотно тело лежело на паркингот во локва крв, додека форензичарите вршеле увид, јавуваат српските медиуми.

Како најверојатен мотив за синоќешното убиство е освета за друго убиство кое се случило пред 7 години во источно Сараево, а за кое синот на Жељко, Александар (31) е осуден на 19 години затвор.

Според неофицијалните информации, во синоќешното убиство Булатовиќ бил застрелан најмалку два пати со пиштол кои ги слушнале и жителите на околните згради, а Брзата помош само можела да констатира смрт.

0

Најчитани вести