Состојки:

  • Половина пакување замрзната зелена боранија
  • Половина пакување замршната жолта боранија
  • 1 домат или 100 мл доматно пире
  • 1 морков
  • 1 зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 500 мл млака вода
  • Масло за јадење
  • Сол, црн бибер и вегета по вкус
  • Магдонос по вкус

Начин на приготвување: Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне. Потоа го додаваме ренданиот домат и зелената ситно сечкана пиперка. Кога овие состојќи ќе заруменат во садот ги додаваме зелената и жолтата боранија. Продолжуваме со динстање додека боранијата не омекне. Кога состојките се омекнати додаваме 300 мл млака вода, еден морков исечкан на тркалца, 1 лажичка вегета, сол и црн бибер по вкус. Го затвораме садот и ја оставаме боранијата на тивок оган 30-40 минути откако ќе зоврие. Пред самиот крај додаваме ситно сечкан магдонос по желба.

 


На здравје!

 

 
1

Најчитани вести