Возач од Загреб со својот автомобил влетал во дневната соба на семејство во Пожега.

22-годишниот возач на „опел астра“ синоќа околу полноќ бегал од полицијата, која се обидела да го запре. Тој најверојатно бил под дејство на алкохол.

,,Еден час пред тоа, седев во дневната соба и гледав телевизија. Отидов да спијам во спалната соба веднаш до мојата дневна соба. Во сонот слушнав силен удар. Во тој момент, не знаев што се случува. Кога излегов од спалната соба, имав што да видам. Еден млад човек влетал со автомобилот во мојата дневна соба. Можете сами да претпоставите со колкава брзина се движел штом ги скрил прозорците, го пробил ѕидот и ги скршил радијаторите во дневната соба. Ако бев во дневната соба и седев таму каде што секогаш седам, не ги преживеал”, вели сопственикот на куќата.

извор: Makfax

0

Најчитани вести