-„Само за љубав" е песна каква што можев само да посакам! Целосно се вклопува во мојот досегашен стил, има емотивен текст кој зборува за борбата за љубовта на саканата жена, а целата приказна ја следи интересен спот. Верувам дека публиката ќе ги препознае емоциите и посветеноста кои ги вложивме во оваа песна јас и мојот тим, вели Даниел.

Даниел соработува со истата екипа која работеше и на песната „10 лета" , па така музиката и текстот ги потпишува Александра Милутиновиќ, а аранжманот е на Дарко Димитров.

daniel kajmakoski

Наскоро ќе биде објавена и верзијата на македонски јазик, за која текстот го напиша Огнен Неделковски.

-Оваа песна ја слави љубовта, позитивна е и нежна. На мое големо задоволство, спотот го режираше Немања Новаковиќ, човек кој ја разбира и чувствува музиката, па и спотот ја следи приказната на песната: љубов, сон, трепет, вели Александра Милутиновиќ.

Видео спотот е сниман и продуциран од маркетинг и видео агенцијата LCF Media.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=p-8F3CXW6yE]

Најчитани вести