Репрезентацијата на Србија вчера загуби од Шпанија, но и покрај тоа е еден од главните фаворити за висок пласман. Српските кошаркари веќе некое време се во Кина, а утринава еден од најдобрите кошаркари Василије Мичиќ добил тажна вест.

Одличниот кошаркар на Анадолу Ефес дознал дека починала мајка му, што е навистина тежок и болен удар за него. Нема дилема дека тоа тешко ќе му падне на Мичиќ, па се поставува прашањето дали ќе може психички да го издржи товарот во наредните дуели.

Веќе утре Србија игра четвртфиналет дуел со репрезентацијата на Аргентина.

0

Најчитани вести