Loading..

Специјалната обвинителка Катица Јанева попладнево испратила ново писмо од притворот со кое ја активира оставката што ја депонираше на 15 јули. Неколку дена претходно, испрати наредба.

Кој и да и дозволил, што и да и дозволил, се сведува на следново:

1. Паника 

Писмото било рачно напишано, и следува откако денеска собраниската Комисија за избори и именувања едногласно препорача нејзино разрешување.

Според Советот на обвинители, независно дали таа поднела оставка, Собранието ќе мора да гласа за нејзиното разрешување поради процедурата пропишана со закон.

Комисијата за избори и именувања донесе заклучок за барањето на Советот на јавни обвинители – Катица Јанева треба да биде разрешена од челната позиција на СЈО. Седницата денеска се одржа зад затворени врати поради доверливата природа на извештајот, но заклучокот бил донесен едногласно.

СДСМ ја поздрави одлуката на Комисијата, а од владејачката партија очекуваат и исходот од пленарната седница да биде едногласна одлука.


Заев: Писмото на Јанева е логична постапка, не сум добил покана за распит за „Рекет“

Логична постапка е писмото што го испратила специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во врска со предметите од СЈО, а тоа произлегува и од разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и според сите други околности, оценува премиерот Зоран Заев, нагласувајќи дека решението е да се постигне договор, според кој предметите треба да поминат во Јавното обвинителство.

– И ако не се постигне договор, сегашните законски одредби велат дека предметите од СЈО треба да преминат во Јавното обвинителство. Правото на специјалниот јавен обвинител е опишано во Законот за јавното обвинителство и законски е дозволива одлуката на специјалниот јавен обвинител да ги предаде. Немаме контакти со Катица Јанева да прашаме зошто така постапила, но она што е очигледно е наближувањето на 15 септември кога завршува нејзиниот мандат и функцијата не може да ја пренесе на заменик или на избор на некој друг. Веројатно заради безбедноста на сите индиции, материјали што таму се обезбедени, така што не веруваме дека ќе влијае на преговарачкиот процес. Очекувам исчекор, утре би требало да се сретнат работните групи, ако двете страни се подготвени после консултациите, за да се продолжи во изнаоѓање решение кое би требало да биде до крајот на неделата, истакна премиерот Заев.

Додаде дека очекува во почетокот на наредната недела да има договор за предметите од СЈО со оглед што истекува законскиот рок за неговото функционирање.

На новинарско прашање за предметот „Рекет“, тој рече дека не добил покана за распит од обвинителката Русковска.

– До сега не сум добил покана од јавното обвинителство, а ако добијам тоа веднаш ќе го соопштам за јавноста, кратко одговори Заев.


Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспредели до надлежните јавни обвинтелства, дознава Алсат. Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Љубомир Јовески, за да почнат да ги пакуваат во куфери предметите и истрагите произлезени од „бомбите“. Од СЈО велат дека предметите не можат да застарат, освен оние предмети со кратки рокови, што истекувале и кај нив.

Не се исклучува можноста дел од предметите наместо од обвинители на СЈО, да бидат водени од обвинителите на редовното Обвинителство. За обвинителката Фатиме Фетаи, во моментов најважно е криминалците да одговараат пред правдата.

„Таа одлука би била подобра од било кое друго решение кое што го посакуваат одредени политичари во моментов, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение кое што ќе значи целосно или делумчно одегнување на кривичната одоговрост“, рече обвинителката Фетаи.

И додека се чека на официјалната одлука на Јавното обвинителство, премиерот Зоран Заев вели дека решението за предметите на СЈО е логично.

„Тоа што сум информиран од работните групи, тоа е и логично решение кое и во разговорите со ВМРО ДПМНЕ го имаме, но е логично решение и во сите околности. Посакуваното решение е да се постигне договор, а во самиот договор е предвидено предметите да поминат кај Државниот обвинител. Ако не се постигне договор, законот вика предметите да поминат кај Државниот обвинител. Ако се посигне договор и ако не се постигне, правото е опишано во законот за Спрецијлното јавно обвинителство“, рече Заев.

Заев вели дека никој нема контакти со Катица Јанева. А, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев се огласи на фејсбук. Напиша  дека со тоа што шефицата на СЈО Јанева е во притвор, правата и биле суспендирани.

Игор Јанушев, ВМРО ДПМНЕ:

Ајде тогаш да видиме што вика член 6 став 5 од Законот за СЈО!

„Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител (на СЈО) без негова/нејзина писмена согласност.“

Тоа што Катица Јанева е во притвор и правата, односно надлежностите кои што ги има како Јавен обвинител и се суспендирани (или евентуално во мирување), тоа нема никаква врска?

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември.

Најчитани вести