Македонскиот лав Стојанче Стоилов на трибините ја бодреше Македонската футсал репрезентација која го освои првото место на претквалификацискиот турнир за пласман во Елитната рунда квалификации за Светското првенство.

Во решавачкиот дуел за врвот, Македонците вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ја совладаа Албанија со 3:2, иако гостите на полувреме водеа со 2:1.

Пред неполн месец беше во фокусот на јавноста откако го напушти изборот за најдобар спортист во хотелот „Александар Палас“ поради употреба на двојазичност, а потоа скандалозно беше нарекуван „играчот со број 5“ во коментар на вториот канал на Македонската телевизија.

Репрезентативецот беше во фокусот на јавноста откако го напушти изборот за најдобар спортист поради употреба на двојазичност, за потоа коментаторот на вториот канал на МРТ го нарекуваше „играчот со број 5“.

Стрелци на головите за Македонија беа Зибери два и Исмаили.

Конечна табела: Македонија 9 бода, Албанија 6, Грција 3, Сан Марино 0.

Пласман во следната фаза обезбедија двете првопласирани репрезентации.

1
loading...

Најчитани вести