Борис Бекер своевремено беше тренер на Новак Ѓоковиќ и беше дел од тимот кој му помогна на Србинот да освои многу трофеи на грен слем турнирте, а сега легендарниот Германец како специјален тениски експерт, одлучи да напише колумна за последниот успех на светскиот рекет број еден.

Во својата колумна за „Тајмс оф Индија“, Германецот направи своја анализа за она што се случи на минатонеделното финале во Мелбурн парк, издвојувајќи еден сегмент од играта на Ѓоковиќ како нешто невидено во тенисот.

– Имаше многу очекувања пред финалето со оглед на тоа што сите ја земаа во предвид нивната борба за титулата во 2012 година, но Новак изминатава недела беше на потполно друго ниво во однос на ривалот. Со последната победа, Новак стигна до осма последователна победа над Рафа на бетон и на трева. Загуби само во Рим, но тоа беше на земјена подлога. Новак поседува се што треба за да игра против Надал на сите подлоги, а што се однесува до Рафа, тој финалето го почна нервозно и со многу двоумења. Кога му го препушти водството на Ноле, го чекаше долг пат да се врати во мечот, а тоа никогаш не го направи. Новак беше многу блиску до основната линија и играше со бекхенд на начин на кој не сум го видел никогаш претходно. Не му дозволи на Надал да игра, Рафа сака долги размени и го тера противникот да се движи. Но, токму тоа Новак му го направи на него, го контролираше ритамот од основната линија и го шеташе Надал лево – десно, – вели Бекер.

2

Најчитани вести