За тесто:

250 гр. остро брашно
250 гр. полубело брашно
20 гр. свеж квасец
прстофат шеќер
½ лажиче сол
40 грама сусам
250-300 гр. млеко
2 жолчки
60 гр. малсец

За фил:

250 гр. кравјо сирење
100 гр. ајдамер
100 гр. кисела павлака
1 јајце
2 лажици остро брашно
1 лажиче сецкан магдонос
1 јајце за премачкување

Раздробете го квасецот во 50 мл. млако млеко, додате шеќер и оставете да нарасне. Во длабок сад ставете брашно, сол, сусам, жолчка, растопен маслец и квасецот, додавате постепено млеко и замесете глатко тесто. Се остава да нарасне. Во меѓувреме изгмечете го сирењето, рендан ајдамер, кисела павлака, јајце, брашно и магдонос сето тоа добро да биде измешано и соединето. Тестото со сукало го развлекувате во голема кора го сечете на квадрати 6х6 см, во средината ставате 1 или 2 мало лажиче од филот и обликувајте го во цвет секое парче. Се редат во подмачкана тава или масна хартија, се премачкуваат со изматено јајце, се оставаат уште 15 минури да нараснат. По желба можете да ги посолете со сусам, се ставаат во загреана рерна на 200 степени и се печат околу 20 минути.

1

Најчитани вести