На прагот на новогодишните празници но и божиќните кои се веднаш по неа, убаво е да се јадат на вашата трпеза и грицки кои пред се се здрави, посни и секако вкусни.

Потребни состојки:

200 гр. интегрално брашно
100 гр. брашно од ориз
100 гр. брашно од хељда
200 мл. кисела вода
3 лажици маслиново или обично масло
2 лажици мелено ленено семе
3 лажици сусам
1 лажица црн сусам
1 равно лажиче сода бикарбона
сол

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки, додадете ја водата и замесете тесто. Направете потанки топчиња и ставете ги во преса за галети и печете ги да бидат реш.

Незадолжитело…

Овие состојки инаку можат сите заедно да се изблендираат со што би добиле брашно, кое дава можност да се одбере форма на грицките кои можат да се подготваат и во тава како што се печат палачинки, или стачиња… инаку нема да недостасува вкусот на грицките ако одберете три – четири врсти на семе, со што ќе се придржувате на дозате, без разлика за колку семиња станува збор.

2
loading...

Најчитани вести