Продукти:

• едно пакување обланди • 25 лажици млеко • 25 лажицо шекер • ванилин шекер • 250 гр. маслец • 150 гр. мелена плазма (или бисквити) • 100 гр. чоколаго • 150 гр. кокос • 200 гр, бело чоколадо • 200 гр. млечно црно чоколадо

Подготовка: Во длабок сад измешајте го шекерот и млекото, додадете го маслацот и чоколадото и ставете на рингла да се загре и растопи. Добро измешан се трга од рингла, се додава плазмата и кокосот. Кога добро ќе се соедини, филот премачкајте го преку обландите.

Обландите добро се притискаат со некој предмет за убаво да се стегнат, а потоа се стават кратко време во фрижидер. Потоа се сечат на коцки кои се поделени на две дела, еден се потопуваат во црно а другиот во бело чоколадо. Се декорираат по сопствен вкус.

 

3

Најчитани вести