Проектот преку кој се ангажираат лични и образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од основните училишта во општина Аеродром во изминатите шест месеци даде позитивни резултати, оцени општина Ародром.

Досега за таа цел, како што соопштија оттаму, биле ангажирани 8 образовни и 7 лични асистенти што работат во основните училишта со деца со посебни образовни потреби, а се очекува проектот да продолжи и следната учебна година, со цел да се опфатат поголем број ученици на кои им е потребна ваква помош.

Носител на проектот е УНДП, во соработка со Општина Аеродром и Агенцијата за вработување на Република Македонија, како дел од програмата за општокорисна работа.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести