Одвојте малку време во текот на викендот за да подготвите еден или можеби 4 ролати во сите вкусови, на кои нема да одолеете.

Се подготвуваат едноставно, со домашно или готово тесто, се полнат, печат и сечат.

Кој ви е омилен вкус?

Прв начин

  • 500g пица тесто
  • 250g бешамел сос
  • 20 парчиња кашкавал
  • 15 парчиња салама

Наредете ги состојките, замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.

Втор начин

  • 500g пица тесто
  • 750g мелено месо
  • 1 кромид
  • Доматен сос, лук во прав, бибер, сол

Измешајте ги состојките со месото и пропржете, па потоа наредете ја смесата, замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.

Трет начин

  • 500g пица тесто
  • 125g ситно сечкано пилешко месо
  • 180g пиперки, сечкани
  • Доматен сос
  • Зачини
  • 100g рендан кашкавал

Измешајте ги месото, пиперките, зачинот и доматниот сос. На тестото наредете рендан кашкавал, а потоа измешаната смеса. Замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.

Четврти начин

  • 500g пица тесто
  • 125g ситно сечкано месо
  • 200g песто
  • 75g рендан пармезан
  • Кашкавал 12 парчиња (или колку е потребно за цело тесто)

Измешајте го месото со песто сосот и додадете рендан пармезан. На тестото наредете парчиња кашкавал, а одозгора смесата. Замотајте го тестото, исечете на кругови и наредете ги во плех. Печете на загреана тава, намачкана со масло, 180˚С 30 минути.

1,398

Најчитани вести