Двокатен автобус со број 5 на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје се запали изутринава во населбата Ѓорче Петров. Нема повредени патници. Причинета е само материјална штета.

Автобусот сообраќал од населбата Ѓорче Петров кон Ново Лисиче. Пожарот е пријавен во 09:25 часот во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, која интервенирала со две возила и шест пожарникари.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека возачот на автобусот за време на возењето забележал чад од горниот дел на возилото по што застанал и со ПП апарати интервенирал. Во меѓувреме забележал и искрење по што повикал екипа на Противпожарната бригада.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје е излезена на терен и се утврдуваат причините за пожарот.

Во моментов, на терен се врши увид и од екипа на МВР. 

346

Најчитани вести