Посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија најавена за 29 август е одложена, според „Танјуг“.

Турскиот претседател нема да дојде во Србија во текот на август и септември поради „усогласување на терминот“, соопшти турската амбасада.

Во врска со посетата на Ердоган беше најавено дека претседателот Александар Вучиќ и шефот на турската држава свечено ќе го означат почетокот на работата за изградба на автопатот Белград – Сараево, што треба да го гради турската компанија „Ташјапи“.

извор: Makfax

120

Најчитани вести