Невнимателното момче ја загуби рамнотежата и за да не падне на подот, рефлексно го допре ѕидот на кој беше закачена уметничка слика на познатиот италијански уметник Паоло Порпора. Притоа, на сликата чија вредност се проценува на 1,2 милиони евра направи дупка со големина на шака.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=-FnUYpUaD0o]

Од музејот ја објавија видео снимката од незгодата на момчето и истакнаа дека нема да бараат обесштетување за реставрација на сликата затоа што истата била осигурана. Изложбата на која што имало и неколку слики на Леонардо Да Винчи ги собрала на едно место најголемите колекционери на светот.

 

Најчитани вести