Деновиве со ФБ статус министерот за надворешни работи Димитров порача дека кај него има чувство на бес и апатија заради криминалните димензии на случајот “Рекет“. “Можното соучесништво на обвинител од оваа институција (СЈО) во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат“, порача Никола Димитров, кој на крајот гордо истакнува дека имал правилно претчувство за оваа крими-дружина и затоа тој ниту се сликал со Боки 13, ниту се среќавал, ниту потпишувал меморандуми за соработка со истиот. 

Индиректно, со оваа порака Димитров ги укорува оние негови колеги кои се сликале со Боки Тредичи, а тоа се Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и тројцата пратеници од СДСМ кои се членови и во  управните органи на невладината организација на Боки 13 , како и оние кои потпишувале меморандуми со Боки 13, а тоа се министерот Сугаревски и градоначалниците на Карпош и Куманово, и оние коалициони соборци кои често се дружеле со притворениот рекетар, а тоа се премиерот Заев, пратениците Кики и Фрики, и повторно Радмила Шеќеринска, која често семејно одела на вечери во резиденцијата на Боки.

На овој начин Димитров многу дипломатски и елегантно се дистанцира себе си од лошиот криминалец Боки 13, но и од оние политичари од власта, кои за разлика од него, немале правилно претчувство за криминалната афера Рекет. 

Дилемата од пораката на Димитров е за неговиот карактер. Ако министерот Димитров имал добро претчувство (а како шеф на дипломатијата веројатно имал и информации) дека Боки Тредичи и проектот Меѓународен сојуз, заедно со 1ТВ, се криминална шема за перење на пари, тогаш зошто за истото не ги предупредил колегите министри како Шеќеринска, Сугаревски и Оливер Спасовски? Тие луѓе се дел од неговата екипа во владата и тој како човек кој се сликал за телевизијата на Боки 13 претчувството што го имал требало да го сподели многу порано со нив, а можеби и со целата јавност. 

Никола Димитров, без задршка, не сака да ја дели идната судбина со владата на Заев, поточно со неговите први соработници кои соработувале со Боки 13. Димитров се подготвува за висока позиција во македонската дипломатија во САД но, и за технички премиер за изборите на пролет.

12,645

Најчитани вести