Лилиа Коновалова од Уралск, Казахстан, имала предвремено породување и донела на свет ќерка на 24 мај, а нејзиниот близнак брат, се родил дури на 9 август.

Кога 29-годишната мајка го родила првото дете во 25 недела од бременоста, бебето тежело околу 800 грама и било сместено во одделнието за интензивна нега еден месец. Нејзиниот брат стигнал дури два ипол месеци подоцна и бил тежок неполни 3 килограми.

Исклучително невообичаеното двојно породување, било можно само поради тоа што Лилиа има двојна матка и секој од близнаците се развил во својата матка.

Сега радосната мајка се подготвува да излезе од болница со своите две деца, бидејќи сите се здрави, а девојчето ја достигнало очекуваната тежина.

Иако ваквите породувања се многу ретки, а уште поретки се со големо временско растојание, откако се родило девојчето лекарите откриле за каков случај станува збор, па поради тоа внимателно и трпеливо ја следеле состојбата на мајката и го чекале второто дете.

Казахстанското министерство за здравство поставило квота за такви породувања на 50 милиони наспроти еден.

Претходно оваа година, жена во Германија го роди вториот близнак 97 по првиот.

извор: Makfax

107

Најчитани вести